ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Седлоски : На градот Прилеп му е потребен ракометен турнир а нашиот “Миле Нешкоски” e тридневна ракометна магија (ВИДЕО + ФОТО)

РК Прилеп е во група со Струга и Паок !

309

Прилеп по седми пат ќе биде домаќин на меморијалниот ракометен турнир “Миле Нешкоски” кој од 26-ти  овој месец ќе се одржи во градот под Марковите Кули.Шест ракометни колективи ќе ги одмерат силите поделени во две групи.Во А групата се екипите на домаќинот Прилеп , Струга и грчки Паок а во Б групата се тимовите на Дубочица , МултиЕсенс ( вториот тим на Алкалоид) и Скопје.Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  гостуваше Рубинчо Седлоски кој е еден од виновниците што по седми пат на паркетот во салата од средното училиште Ристе Ристески Ричко ќе продефилираат ракометарите на овие екипи.За нашиот медиум тој истакна дека организацискиот одбор е максимално подготвен за стартот на оваа тридневна ракометна  магија и дека градот Прилеп за време на овие натпревари ќе се промовира на меѓународна сцена , велејќи дека на градот му е потребен ваков турнир.Тој несебично се заблагодари на сите кои придонесоа во реализацијата на ова седмо ракометно издание на турнирот.

Првиот натпревар ракометарите на Прилеп го играат веднаш по свеченото отворање на турнирот и традиционалното положување на свежо цвеќе на спомен плочата пред универзалната сала во чест на прилепската ракометна легенда Миле Нешкоски , со почеток во 18 часот.Во втората пресметка од 20 часот на 26-ти играат Дубочица и Мулти Есенс а сите натпревари ќе се пренесуваат и на live stream на официјалниот youtube канал на РК Прилеп.Како што најавија од организацискиот одбор од оваа година на турнирот покрај вообичаените награди ќе има и посебна награда , награда за трајни вредности.Во продолжение и разговорот со Рубинчо Седлоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: