CSS Template

Шеќеринска во Прилеп:„Членството во НАТО е наша придобивка!„

452

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денeска го посети Прилеп.Таа попладнево оствари средба и со граѓаните  пред Градскиот саат.На средбата со градоначалникот рече дека прсерспективата на Македонија е ЕУ и НАТО и дека членството во НАТО ќе донесело поголем број на инвестиции и европски пари во нашата земја.

 

„Нашите граѓани знаат како изгледаше Бугарија пред 20 години, а како изгледа сега. Нашите повозрасни граѓани знаат како изгледаше Грција пред 40 години, а како изгледа сега. Нашите граѓани знаат дека кога младите ни заминуваат, малку заминуваат во други места. Сите заминуваат во земји членки на НАТО и ЕУ. И затоа сум убедена дека истото мнозинство кое сите овие години работеше и бараше членство во ЕУ и НАТО, сега ќе реши Европа да ја донесе во Македонија, за младите да не ни бегаат во Европа. Македонија плати цена во 90-тите години на регионалната нестабилност и многуте војни.

Регионот се уште има отворени прашања, нема да дозволиме Македонија да биде колатерална штета на тие прашања и тие дилеми. Наша е безбедноста да ја гарантираме, наши се предизвиците со кои треба да се соочиме и со членство во НАТО, кое што ќе се случи веднаш по реализација на нашите обврски, нашите граѓани ќе спијат поспокојно, затоа што ќе знаат дека Македонија е член на најмоќниот воено-политички сојуз. Ќе седи на иста маса и ќе има еднакво право на глас со најголемите, најмоќните, најбезбедните земји во светот. Тоа е придобивка и затоа ова е историска можност и историска одговоност на сите нас. Апелирам, без разлика на политички, етнички, религиски припадности да не дозволиме повторно да ни се измолкне од раце историската одговорност. 10 години изгубивме кога тоа ни се случи. Сега е шансата да ги корегираме и тие грешки. Дури и граѓаните кои се плашат, можеби без причина, да спијат мирно и да знаат дека иднината и нивна и на нивните деца е гарантирана“, нагалси  министерката за одбрана Радмила Шекеринска при деншната посета во Прилеп


semm
Farma Dolneni
Penata
Vivafarm