ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Штетата од невремето во прилепско проценета на над 3 милиони евра

807

Комисијата за проценка на штети пред Советот на Општина Прилеп ,пред советнците го изнесе збирниот извештај од проценетата штета на подрачјето на Општина Прилеп ,од невремето што се случи 23 јули, кога беше уништен тутунот на повеќе места на прилепскот поле, на површина од 10 милиони метри квадратни.  Штета е проценета на 186 милиони и 609 илијади 144 денари, а добиени се 1315 барања за обештетување „од кои 40 се одбиени како некомплетни, 7 не се разгледани бидејќи се поднесени од ДООЕЛ-и, а 5 барања се препратени во други општини, каде што припаѓаат катастарските парцели. После ова следува препраќање на вкупниот извештај до второстепена комисија на Влада од каде очекуваме одговор“, посочи  Жарко Северкоски, претседател на Комисија за елементарни непогоди при Општина Прилеп

Овој, извештај ќе биде доставен до второстпената комисија при Владата на Р.Македонија и заедно со првиот извештај од невремето во  јуни, Советот на Општин аПрилеп ќе очекува повратна информација, со што ќе утврди колку средства и од Буџетот на Општината ќе им бидат доделни на оштетените земјоделци, што прв пат ќе се случи.Инаку, во принцип  Владата при вакви случаеви вршела обештетување од  10 до 12 % од сумата на проценетата вредност, а постапката трае од два до три месеци

Советот на денешната Седница  го усвои и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“,точка која беше пролонгирана во предходните седници.

„ И во ова јавно претпријатие продолжува трендот на позитивни финансиски импликации за работењето на јавните комунални претпријатија и тоа, како претседател на Советот ме радува, бидејќи трендот кои тие го воспоставија продолжува да се реализира во сите наредни квартали“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Советот на Општина Прилеп ги усвои извештаите и прогамите за работата на 10-те  основните и 5 -те средни училишта во Општина Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: