ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што „ осветли“ Светскиот ден на социјална правда ?

331

Во услови кога во Македонија  455.000 граѓани и секое 4 дете живеат во сиромаштија, сеуште актуелна пандемијата која дополнително го зголемува  јазот на нееднаковоста, во време на зголемување на невработеноста, на земјава и се потребни системски промени во областа на социјалната заштита. Се поизразени се разликите меѓу урбаните и руралните средини, а населени места во близина на Прилеп сеуште немаат ниту вода за пиење, беше речено на настанот насловен: “Еднаквост и социјална правда” во организација на невладината ЛАГ Агро Лидер.

„Околу 455.000 семејства, лица, домаќинства живеат во сиромаштија, секое 4-то дете ни живее во сиромаштија, стапката на невработеност од ден на ден расте, огромен е јазот помеѓу родовата нееднаквост помеѓу мажите и жените, особено во урбаните и руралните средини. Ковид-19, дополнително ги продлабочи овие проблеми. Пристап до здравство, пристап до социјални услуги, пристап до вода за пиење. Имаме населено место на 20 км од Прилеп каде што 80 деца немаат пристап до чиста вода за пиење “, рече Марина Тошеска од Локалната акциона група – Агро Лидер.

На настанот кој што за прв пат се организира во Прилеп присуствуваа и претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа . Реформите во социјалната сфера последните неколку години беа во позитивна насока, вели Дејан Тошески, директор на МЦСР во Прилеп.

„Ние во моментов имаме стабилна социјална слика, немаме енормно зголемување на корисници на гарантирана минимална помош. Се движиме во границите на тоа што било во претходните години. Сетот на мерки кој го донесе Владата ги даде своите резултати“, посочи Тошески.      Инаку, ЛАГ Агро-лидер овој прокет, под мотото „Еднаквост и социјална правда“, го спроведува по повод, 20-ти февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда.

Востановувањето на овој ден за да се охрабрат луѓето да погледнат како социјалната правда влијае на искоренувањето на сиромаштијата, додека истовремено се фокусира на целите за постигнување на вработување и поддршка за социјална интеграција, преку едукација на јавноста и мобилизирање на политичка волја и ресурси за решавање на националните и глобалните проблеми за превенција и намалување на сиромаштијата преку почитување на човековите права.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: