ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Штрајкот на Еурокомпозит ставен во мирување

580

По протестот пред Владата и постигнатиот договор со вицепремиерот Анѓушев,
вработените на Еурокомпозит го ставија штрајкот во мирување.
Договорена е исплата на една просечна плата, итна смена на досегашниот директор на компанијата во државна сопственост, создавање услови – 100 работници да влезат во групата за технолошки вишок. Од владиниот кабинет им било посечено дека дополнително ќе одговорат на барањата за регулирање на неплатените придонеси од 2012-тата до годинава. Останува рокот од 6 месеци за решавање на статусот на Еурокомпозит со обврската Владата да изнајде стратешки партнер.
„Доколку до петок не се реализира исплатата на една просечна плата, повторно ќе стапиме во штрајк, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација“, кој додава дека штрајкот е само привремено ставен во мирување што зависи од исполнување на ветувањата.
Согласно информациите од средбата меѓу претставници од синдикатот на Еурокомпозит, претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство со вицепремиерот Анѓушев, вчера Владата на Република Македонија усвоила заклучоци за надминување на состојбите во Еурокомпозит. Министерството за внатрешни работи е задолжено од владата за продолжување на реализацијата на договорот со АД 11 Октомври Еурокомпозит за изработка на производи за потребите на ова министерство, како и се разгледа можноста за набавка за нови прозводи од програмата. Воедно владата, го задолжила Министерството за внатрешни работи да изврши репрограмирање на обврските кон Еурокомпозит и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството со цел да се обезбедат финансиски средства за исплата на надоместок на вработените.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: