ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СМОКВА-ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ КУЛТИВИРАНИ ОВОШЈА ВО СВЕТОТ

948

Пишува: Филип Димкоски, дипл. земј. инж, водител на емисијата Градината на Филип

Смоквата потекнува од Мала Азија. Нејсиниот животен век се дивижи од 50 до 70 години. Според некои истражувања, се смета дека таа се одгледувала уште пред јачменот и пченицата и одгледувањето на смокви се смета за прво органзирано земјоделско производство. 

Смоквите можат да носат плодови еднаш или два пати во годината, а плодовите можат да бидат бели (светло зелени) и црни (темно виолетови).

Сортите кои се ддноротки односно еднаш во годината даваат плод, треба да се земат предвид како многу квалиттна сорта затоа што тие имаат високи нутритивни вреднсоти и се многу погодни за сушење.

Во однос на одгледувањето, смоквата има многу скромни барања од карактеристиките на почвата и таа успева на места, каде што други видови не би можеле.

Смоквата ретко се одгледува од семе, а најчесто со резници и положници или со калемење. Ако ја размножуваме со резници, треба да се земат резници кои се едногодишни или двегодишни, а истите треба да се посадат на пролет или на есен.

Треба да се ископа дупка со длабочина од 40 до 50 cm, а растојанието во редот треба да биде 4 до 5 метри, додека меѓуредовото растојание треба да биде околу 6 метри. Сепак, овие растојанија се однесуваат на садење на смоквите на големи површини со комерцијални цели.

За правилна нега на смоквата, потребни се доволни колични на вода, ѓубрењето е важно во облик на прихрана само во првите две години, и не се потребни никакви хемиски препарати за заштита, така што многу лесно може да се поризведува на органски начин.

Плодовите се берат сукцесивно затоа што не зреат едновремено. Резидба се врши додека крошната на смоквата е во фаза на оформување и тогаш кога е во полн род. Може да се врши резидба во мај или во декември. Освен што можат да се користат како свеж плод, од смоквите се подготвува слатко (од зелени или од зрели смокви), џем, марламад или пак се користат како сушени плодови. Исто така, листот од смоквите се користи за подготовка на чај и на сок.

Препорачано е континуирано користење на смоквата, во умерени количини како дел односно додаток на исхраната, заради низата нутритивни квалитети и заради богатството од витамини и минерали што го содржи. Помага за подобра дигестија и за слабеење, ја подобрува кожата, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и според некои лабораториски испитувања, има антиканцерогено дејство.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: