ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со „Градски приказни“започнува Прилепско културно лето

568

Традиционалната манифестација Прилепско културно лето, започнува со концерт. Во петок 21 јуни со почеток во 20.30 часот на плоштадот Александрија целовечерен концерт насловен како „Градски приказни“ ќе одржи КУД „Илинден“ од Битола.

“Градски приказни”
Нашите предци не ни оставиле само древни градби, литературни и уметнички дела. Своите чувства, надежи и спомени тие ги преточиле и во прекрасна музика, која надживеала многу генерации, во звуците на македонската чалгија. Таа е уникатна музичка творба родена на овие простори, по примерот на турската чалгија, нo со многу специфики што ја прават автентична, неповторлива и стилски разнолика, со свој препознатлив печат. Во 19-ти, а особеново 20-ти век, кога чалгијата го доживува својот подем, не можела да се замисли ниедна позначајна средба, прослава, веселба, без звукот на чалгијата, без песните отсвирени на старите главно жичени инструменти, кои допирале до срцата на слушателите. Битола како град со огромна традиција и еден од центрите на Балканот во 19 тиот и почетокот на 20 тиот век, а под влијание на конзулите, има одличен спој на традициите ала франка и ала турка.

Овој проект прави еден совршен спој помеѓу истокот и западот, едно патешествие кое ќе ги допре и ориентот и медитеранот, преку звуците на врвните инструменталисти дел од чалгискиот оркестар на КУД Илинден Битола, преку изведбата на фолклористите и преку извонредните градски костими кои ги има ова културно уметничко друштво. Дел од репертоарот ќе бидат Буките, Поседница, На визита, Охридски градски игри, битолски градски игри, влашки игри од Крушево. Проектот исто така ќе го одразува мултикултурниот карактер на Битола и нашата држава, преку влијанијата кои ги имаат сите народи и етникоми кои живеат во Република Македонија.
Презентација на највисоко ниво на богатата градска традиција, преку орото, песната, чалгијата, оригиналните и стилизирани костими. Производот ќе биде еден компактен проект, со значајна и висококвалитетна содржина, кој после премиерната изведба без големи дополнителни трошоци може да “живее” и да се презентира низ нашата држава и странство, на бројните фестивали каде КУД Илинден е учесник.

Минатата година КУД Илинден беше дел од 54 тиот Европскиот фестивал во Битбург, Германија, детскиот фолклорен фестивал во Бурса, Турција, а во септември ќе биде учесник на 23 тиот Интернационален фолклорен фестивал во Карлови Вари, Чешка. Додека пак оваа година, ќе биде учесник и на Интернационалните фестивали во Искеле, С. Кипар, Бурса, Турција и Будимпешта, Унгарија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: