ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со изработка на мурал во центарот на Прилеп продолжува АКТО Фестивалот за современи уметности 2020

457

Со изработка на мурал на фасадата на хотелот „Скопје” спроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и Ненад Тонкин и е во продукција на ФР~У во соработка со ЦСЛУ(Центар за современи ликовни уметности) и Јавен Простор – Прилеп.
Муралот во Прилеп насловен „Напред, без да се заборави” кој реферира на „Песна за солидарноста” од Бертолт Брехт, симболично е поставен во близина на локација која е важна за антифашистичката борба, а тоа е објектот на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ . Користејќи различни симболи важни за градот, зборува за историјата на градот Прилеп од почетокот на револуцијата на 11-ти октомври 1941 година па се до денес. Муралот има за цел одново да повика на вредностите на солидарноста и антифашизмот, да го нагласи значењето на Прилеп како град херој, град од каде почнала антифашистичката борба, вредност која треба да не води напред во иднината, но исто така вредност која не треба да се заборави или избрише од нашата општествена меморија.

Овој мурал е дел од серијата кои досега се изработија во уште 5 други градови во земјава и тоа во Велес, Кочани, Битола, Скопје-Ченто, Гевгелија. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со БОШ Фестивал, Гевгелија; Културно ехо, Скопје; Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ-Прилеп и Јавен Простор – Прилеп; Народен Театар Битола; Дом на Култура Ченто; Општина Гази баба; Општина Велес, Општина Кавадарци, Општина Кочани и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.

Овој зафат, кој се протега на површина од околу 700 метри квадратни и тоа паралелно во седум градови, е концепт, кураторство и организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Александар Јовановски и Ивана Васева.

Претходните пет мурали беа изведени на јавни институции, јавни простори, центри за култура со цел да се истакне солидарноста и соработката со јавните институции од културата и да се прати порака за заедништво во секоја локална средина поединечно.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: