ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стартува со изградба комплексот Голден Ланд кај селото Славеј

778

Во присуство на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за земјоделство и економија, амбасадори, градоначалници, агробизнисмени, беше одбележан стартот на новиот земјоделско- сточарски комплекс Голд Ланд во близина на селото Славеј. Инвестицијата на групацијата „Везешари“ е во висина од 4 и пол милиони евра, од кои 1 и пол милиони евра се повратни средства од ИПАРД 2 програмата, мерката 1. Станува збор за комплекс од центар за отпуп и складирање на зрнести земјоделски култури, како и тоф на над илјада грла бикови.
– Ова е наш мал придонес да ја донесеме Европа кај нас. Во моментов се произведуваат примарни земјоделски производи како што е зрнеста храна и силажа. Инвестицијата не е предвидена само за задоволување на потребите на групацијата Везе Шари туку и е предвидено да прерасне во регионален центар со што ќе овозможиме загарантиран пласман на земјоделците од регионот, рече сопственикот на Арбен Абдурахмани, со ветување дека за 5 месеци ќе биде ставен во функција регионалниот центар за откуп и складирање, а до крајот на 2020 ќе се заокружи целиот комплекс.
Инвестицијата е важна најмногу поради тоа што овозможува да продолжи пријателството меѓу Германија и Македонија, како резултат на соработката и примената на искуството и партнерството на сопственикот на Везе Шари од Германија.
– Арбен е пример како се оди во Германија, се учи, како се земаат новите технологии и знаења и се носат дома. Преку него исто така ја испраќаме пораката до младите каде и да се во светот, да си дојдат дома, каде што има услови за инвестиции, за развој. Ова е многу значаен проект, заради тоа што покажуваме дека водиме грижа и за рамномерниот регионален развој, целиот овој регион ни е многу значаен, потенцираше во своето обраќање премиерот Зоран Заев.
Везе Шари е пример за тоа како искуствата со кои се стекнал сопственикот Абдурахмани во Германија можат успешно да се спроведуваат во Македонија, посочи на свеченоста германскиот амбасадор Томас Герберих.
Голд ленд повлече најмногу финансиски средства од мерката 1 – инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства од ИПАРД 2 програмата.
Инвестицијата во голема мерка ќе придонесе за развојот на пелагонискиот регион затоа што со проектираниот модел на Голд Ланд, е предвидено изградба на регионален центар за откуп и складирање на зрнести култури, за гарантиран пласман на производството на земјоделците од регионот.
Инаку компанијата Везе шари се простира на над 500 хектари земјоделско земјиште во општините Кривогаштани и Долнени. Земјоделско-сточарскиот комплекс „Голд Ланд“ има крајна цел  товење на говеда, производство на говедско месо, кое што денес во Македонија се увезува.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: