СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Tаблети за сите четвртоодделенците одлучи Советот на Општина Новаци

92

Општина Новаци набавени 14 таблети за децата од четврто одделение при ЦОУ „Славко Лумбарковски“ со цел непречено следење на наставата, по новата програма концепција за основно образование. Учениците не може да ја следат наставата затоа што немаа учебници, „а, не секој родител може да му обезбеди таблет или паметен телефон,„ посочи Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

 

„Токму затоа во соработка со Советот на Општина Новаци одлучено е да им излезиме во пресрет и на сите ученици да им набавиме ваква опрема за редовно да ги следат наставните содржини. Мојата заложба за вложување во децата и во нивното образование ќе продолжи и понатаму, се разбира во можностите на Општина Новаци. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

 

Учениците посочиле дека во училиште не можеле да користат дигитални учебници „ и, затоа користевме учебници на телевизор“  рече ученичката Наталија Јовановска, ученик во четврто одделение од  ЦОУ „Славко Лумбарковски“

Инаку, 0ваа програма беше усвоена во месец март годинава, најпрво за прво и четврто одделение ,а планот на Министерството за образование е реформата да се спроведе етапно и во другите одделенија од основното образование. Според стручните лица кои ја подготвија новата концепција, придобивките се намален број предмети, нивно интегрирање и можност за учениците да избираат предмети со што се почитуваат нивните интереси и се овозможува развој на нивните потенцијали.

Наставниот план содржи 8 задолжителни предмети за прво одделение па се до 11 во другите одделенија. Задолжителни предмети се македонски и англиски јазик, ликовно, музичко и физичко образование,  природни науки ( биологија, хемија, физика и делови од географија, граѓанско образование и други општествено хуманистички дисциплини), историја и општество и математика. Од вториот образовен период од IV до IX одделение се воведува и задолжителен предмет техничко образование и информатика.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе