ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Талевски: На сметките на тутунари се уплатени субвенции од 1.7 милијарди денари

662

„СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството и земјоделците. Исплатени се субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година. „- посочочил Миле Талевски, Претседател на ОО СДСМ Прилеп, во прилогог кој го добија медиумите :

-На сметките на над 28.000 тутунари се уплатени субвенции од 1.7 милијарди денари. Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои стартуваат со новата производствена сезона. Трудот на земјоделците се цени и се плаќа. Од почетокот на годината, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции. Во тек е аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година. Досега се поднесени речиси 46.000 апликации, а рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година. И покрај пандемијата, која предизвика здравствена и економска криза продолжуваме со транспарентна и неселективна исплата на поддршката за македонското земјоделство. СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање мерки и политики за унапредување на земјоделското производство – истакна Миле Талевски, Претседател на ОО СДСМ Прилеп преку Центар за комуникации со јавност од ОО СДСМ Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: