СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Тешка сообраќајка синоќа, кај Мало Коњари

1.632

На регионалниот пат Прилеп-Крушево вчера во 21.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана помош.
Сообраќајната несреќа се случила кај селото Мало Коњари, при што сообраќајот беше во прекин во двата правца уште од 21.30 часот,се додава во соопштението.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе