ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тошески: Корисниците на гарантирана минимална помош редовно да ги ажурираат податоците во АВРМ, бидејќи заврши кризната состојба со пандмијата

443

Со укинување на кризната состојба која важеше за време на пандемијата на територијата на целата држава две и пол години, од почетокот на овој месец престанаа да важат олеснителните околности за корисниците на права од социјална заштита во регионот од трите општини (Прилеп, Долнени и Кривогаштани) кои што ги покрива Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп. Тоа значи дека лицата корисници на гарантирана минимална помош, сега треба редовно да го ажурираат својот статус во Центарот за вработување Прилеп.

„Бидејќи Владата не ја продолжи кризната состојба престанаа да важат олеснителните околности за влезот во системот на социјалната заштита. Најважните се: ако пред кризата важеа условите  домаќинството за да користи гарантирана минимална помош:  да не поседува моторно возило, сите членови на домаќинството да се активни баратели на работа, да не поседуваат земјоделско земјиште поголемо од 7 декари, му се засметуваат приходите за последниот месец, а не за последните 3 месеци – сите овие услови заклучно со 30 јуни 2022 престанаа да важат.  Затоа ја користам оваа прилика да ги информираме сите наши корисници кои не се пријавуваат редовно во Агенцијата за вработување во најбрз можен рок тоа да го направат, затоа што сите членови на домаќинството мора да бидат активни баратели на работа. Сите наши корисници добиваат решенија на домашна адреса и во нив им е наведено што треба да направат кога ќе заврши кризата со Ковид 19, односно во самото решение стои кој член од домаќинството не е активен барател на работа, сега веќе треба да го регулираат статусот во Агенцијата за вработување. Ние како Меѓуопштински центар за социјална работа се враќаме на состојбата од пред корона кризата, а тоа подразбира и изготување на активациони планови за вработување, посочува Дејан Тошески, директор на МЦСР Прилеп.

За време на кризната состојба кога беа олеснети условите за користење на гарантирана минимална помош во регионов биле регистрирани 2 300 домаќинства. Дали враќањето во нормала со работа на центрите за социјална работа на состојбата од 2019 година ќе го зголеми или намали овој број, не се знае, бидејќи тоа зависи од секое семејство пооделно, вели Тошески во разговорот во програмата Радио што се гледа. Повеќе на следниот линк:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: