ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ТРИ БОДА ЗА РК ПРИЛЕП ОД СКОПЈЕ

СУПЕР ЛИГА, 4. коло

706

Екипата на РК Прилеп освои нови три бода вечерва на гостувањето во салата од СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на 4. коло од Супер лигата, со 30:29 совладан е домашниот тим на РК Скопје. Уште во првото полувреме гостинските ракометари имаа сигурно водство од 5 разлика (13:8), а на одмор се замина со 3 разлика (18:15).

Се до средината од второто полувреме РК Прилеп го одржуваше водството, за во финишот домашните да се приближат на 27:28. Следеа 2 гола за гостите и тука е решен победникот, бидејќи на крајот, иако скопјаните постигнаа 2 гола и го имаа последниот напад, 2 секунди не беа доволни за израмнување. Така 29:30 и заслужен триумф на РК Прилеп.

Екипата на тренерот Горан Кузманоски има 2 пораза и 2 победи, и со 6 бода го чека следниот дуел од 5.коло, дома, со битолски Еурофарм Пелистер 2.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: