СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Три од три за кик боксерите на прилепски Максам во Швајцарија

306

Тројца натпреварувачи на Максам од Прилеп настапија на Меѓународниот турнир во кик бокс во К1 и во тај бокс во Винтертур, Швајцарија, и сите извојуваа победи.
Во македонско-швајцарската пресметка во сите три борби славеа прилепските кикбоксери на поени. Марио Пеливаноски против Ваид Ибрахими (-57 кг) во К1, Дино Пеливаноски над Стефан Радојевиќ (-54 кг) и Далибор Кафеџиоски (-65 кг) против Џулијан Пастори во тај бокс.

– Нашите натпреварувачи имаа одличен настап и покрај долгото патување беа кондиционо и технички подготвени. На крајот на турнирот имаше професионални борби за титули, имаше одлични борци и борби. Едно големо искуство за нас, стекнавме нови пријатели нови контакти. Продолжуваме со работа и тренинзи, не очекуваат нови натпревари на државно и меѓународно ниво“, изјави Пеце Ангелески – Максам.

Турнирот се одржа на 8 јуни во организација на ICF “International Charity Fights” со учество на натпреварувачи од повеќе држави: Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово, со свои претставници во машка и во женска конкуренција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе