ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тројца приведени, 19 возачи санкционирани при акциска контрола во Прилеп

470

Трите лица се приведени зашто кај едно е пронајдена марихуана, а кај две лица кокаин. Полицијата ќе им поднесе кривична пријава. Акцијата ја спроведуваа одделот за униформирана полиција, единицата за брзо распоредување, посебната единица за поддршка, единицата за интервентна полиција и надворешната канцеларија за криминалистички работи.

На 29.07.2022 на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А.(32) и Е.Р.(29) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмет со остатоци од бела грутчеста материја.  На 28.07.2022 на ул.,,11 Октомври” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со бела прашкаста материја. На 29.07.2022 на кеј „1 Мај“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(33) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаевоите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

При засилената акциска контрола на мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата од 21 до 4 часот изутрината, се санкционирани 19 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите. Од нив, 13 се исклучени од сообраќај. Полицијата ги продоложува засилените акциски контроли и во наредниов период.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: