ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Центарот на Прилеп се прилагодува за Пиво-Фест 2022

646

Од утринава затворен  за сообраќај е дел од Булеварот „Гоце Делчев“ на потегот од раскрсницата кај Центар за култура Марко Цепенков до некогашна градска кафеана. На официјалната Фб страна Општина Прилеп извести дека „поради потребите на организацијата за Пиво Фест 2022 година од денес, 12.07.2022 од 12:00 часот до 18.07.2022 (понеделник) до 19:00 часот целосно ќе биде затворен делот од булевар „Гоце Делчев“ од крстосницата со улица „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со улица „Прилепски бранители“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околната улична мрежа“, стои во известувањето.

Во овој дел се очекува деновиве закупците на простор да поставуваат свои платформи и штандови за пиво и скара. Што се однесува до главната бина, таа ќе биде лоцирана пред влезот на Комерцијална банка.  Токму најголемиот дел од настаните ќе се одвиваат на централната сцена, со настапи на 26 изведувачи во рамките на четирите фестивалски вечери, така што од денеска екипите задолжени за продукција на манифестацијата интензивно работат на поставување на монтажа на целата конструкција.

Како што најави организаторот,  алтернативната сцена – камената бина ќе биде просторот за 4 ноќни настапи веднаш по завршувањето на програмата на главната бина.  

Екипите на Комуналец денеска го направија генералното и темелно расчистување на просторот на локацијата за Пиво – Фест , така што веќе од утре ќе може да се поставуваат планираните платформи и штандови на угостителите и пиварниците.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: