ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трибина: Тутунопроизводство – се бараат решенија и одржливи политики

925

Во организација на тутунските здруженија вечерва во Градската библиотека Борка Талески во Прилеп се одржа трибина на тема „Тутунопроизводството – проблеми и решенија“ на која присуствуваа земјоделци од регионот, како и од источна Македонија.  И покрај упатената покана за присуство до Сојузот на земјоделски здруженија, официјалниот претставник на македонските тутунопроизводители во преговорите за цените, на трибината не присуствуваше никој од оваа асоцијација. Ова се заклучоците кои ќе бидат испратени, до министерството, до откупувачите и до Сојузот на земјоделски здруженија:

– Покачување на цените по класи, сразмерно на покачувањата на репроматеријалите;

– Израмнување на субвенциите линеарно за сите класи на 90 денари вклучително и дополнителната класа;

– Вклучување на тутунарите во мерката „зелена нафта“, бидејќи тутунарите се неправедно изоставени од оваа мерка.

Тутунарите велат дека трпат загуба оти прозводството со достигнатата просечна цена е нерантабилна. Имаа големи забелешки за текот на откупот, не почитување на ценовната политика, како и неизвесност околу перспективите за одржливост на оваа земјоделска гранка.

– Според податоците на ресорното министерство до денеска се откупени 18,7 милиони кгр со просечна цена која што едвај достигнува 200 денари. За жал можам да кажам производната цена на ситнолисниот ориентален тутун е 217 ден. Што значи тутунарите работеле со загуба од 17 денари по килограм. Ова е неодржливо и неприфатливо и ваквите состојби мора да се променат, Игор Мирчески, координатор на новите здруженија.

Низа забелешки за текот на откупот, како и промашувања во проценките и сето тоа на грбот на примарните производители велат тутунарите.

– Спрема квалитетот тутунот не е платен. За да биде поисплатлива од минатата реколта, просечната цена требаше да биде од 240 до 250 ден за кгр. Одредени класи различно ги платија до нова година, и после тоа: подбирот одеше во 3 та класа, и дополнителна, а сега се плаќа прва и втора класа. Катастрофална грешка исто така е што ги промашија предвидените количини на производство на тутун. Предвидуваа 22, а не се знае дали ќе има 19 милиони кгр. Со тоа се докажа дека од компаниите не излегоа од канцеларии да видат дали има тутун или не, вели  Кире Ристески, претседател на „Тутунска надеж“.

Според податоците најголемиот дел од тутунарите се оштетени бидејќи дури 15 милиони кгр биле откупени по просечна цена од 185 до 190 денари за кгр, а сега просекот се движи околу 240 до 250 денари за кгр. Потребна е долгорочна стратегија, за развој во секторот тутунопроизводство, ако не се зголемат цените по класи, тутунарите велат дека годинава нема да се произведат ниту 15 милиони килограми.

– Неопходно е да се извршат измени и во законската регулатива, зашто има таму спорни членови со кои што дефинитивно земјоделците ги става во подредена положба, а откупните фирми се повластени. Потоа, во законот се дозволува увоз на необработен ситнолисен ориентален тутун и тука ни создава нелојална конкуренција, со која ние не можеме да се избориме. Ние според законот треба да бидеме рамноправни парнери при одлучувањето и креирањето на цените и развојните политики. За жал ние сме игнорирани од сите, посебно од нашите институции, ставени сме на игнорирање. Така не може да се креираат политики и само да се гаснат пожари. Мора да се креираат одржливи политики, со што оваа гранка би била перспективна. А не да останеме социјални случаи со наше знаење, инвестиции и труд Затоа се потребни вакви трибини, вели Ѓорѓи Каракашев, тутунопроизводител од Радовиш.

Трибини како вечерашната во Прилеп 5 те новоформирани здруженија: Жолто тутунско злато, Тутунари земјоделци, Тутунска мака, Тутунски земјоделци, и Тутунска надеж ќе одржуваат во наредниов период во регионите каде е застапено тутунопроизводството, со цел да се направи притисок врз институциите и откупувачите пред формирањето на новите цени за реколтата што следи, што е најважно за планирање на производството и склучување на договори.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: