ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ултиматум – НЕ благодарам, утре, блокада кај Заполшки мост

465

Како што беше најавено на вечерашниот протест во Скопје, утре ќе се блокираат магистрални патишта низ Македонија во траење од 1 час, од 13 до 14 часот. Неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам” најавија блокади на  4 места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.

„Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада“, стои во нивната информација.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе