ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утре доаѓа есента, жолти лисја и ниски температури до 10 – 15 степени

689
Фото/К.Мицевска

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 03:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.

На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Сонцето ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути.

А,  ќе настане и значителна промена на времето, заладување за дури 10 степени и силен ветер. Промените се очекува да се случат утре попладне, кога студена воздушна маса ќе се пробие од север и ќе ги намали температурите најавуваат од  Управата за хидрометеоролошки.

фото/К.Мицевска

 

 

Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно ќе се намали и утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. 

Есента ќе трае до до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: