ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утринава снег на патиштата и забрана за движење на тешки товарни возила на патните превои

621

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од АМСМ.

Граѓани кои утринава патуваат од Прилеп  до Скопје велат дека сообраќајот се одвива во отежнати услови поради снежните наноси. Возачите на патен превој Пелтвар се соочиле со снежни и неисчистени коловози и апелираа на внимателно возење. Нема забрана за тешките товарни возила. Утринава е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема

Од утрово е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево- Охрид преку планинскот премин Пресека. Како што информираат од АМСМ, забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на и планинскиот премин Стража, на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар, а од синоќа е воведена забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: