ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вечер посветена на херојот и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

620

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп синоќа се одржа „Вечер посветена на херојот“.За животот и револуционерното дело на Кире Гаврилоски- Јане, зборуваше историчарот Рубин Белчески. Раскажувајќи го краткиот животен пат на народниот херој, Белчески потсети на неговото најрано детство, средношколските денови, вклучувањето во антифашистичкото движење и учеството во формирањето партиски ќелии во селата од прилепскиот, крушевскиот и кичевскиот регион, сѐ до неговото херојско загинување на 9 мај 1944 година.

„На 8 мај, во вечерните часови, Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски, доаѓаат во куќата на Киро Насков Георгиоски, во населбата Ѓогдере, каде на состанокот со останатите присутни, дел од предвидените делегати за Првото заседание на АСНОМ, разговарале за нивната улога, за организацијата, борбата, победата и ослободувањето. На 9 мај, во утринските часови, откако куќата ја напуштиле останатите присутни и во која останале уште Кире и Круме, истата била блокирана од страна на бугарски полициски и воени сили. По повикот да се предаат, тие одговориле со бомби. Кога бугарските фашисти увиделе дека во борба не можат да ги совладаат, ја запалиле куќата. Двајцата храбро се бореле до последен куршум. Круме загинал пробивајќи се од куќата кон непријателот, а Кире останал во запалената куќа и однатре извикувајќи пароли за борбата, за победата, за слободата, држејќи им говор на окупаторските полицајци и народните предавници, сѐ додека, пламенот не го згаснал неговиот живот“, рече Белчески.

На средбата која беше во организација на прилепската локална самоуправа и градската библиотека „Борка Талески“, учество зедоа ученици од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ и поети од клубот на литературни творци од Прилеп, а актерот Игор Трпчески читаше извадоци од книгата на Коце Солунски, кои се однесуваа на животот и делото на Кире Гаврилоски-Јане.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: