ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Бајковити тоалети за децата со посебни потреби во ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

247

Сите деца, но особено децата со посебни потреби заслужуваат достоинствени услови за живот и образование . Затоа сите општествено одговорни чинители се должни да помогнат во обезбедување на подобри услови за нив. Особено обезбедување на простор за непречено одвивање на нивните едукативни активности.

Тоа успешно деновиве  го реализира ООУ „Климент Охридски“ -Прилеп, единствено училиште во Прилеп кое има паралелки за деца со посебни потреби, кое помогнато од неколку приватни компании кои ја покажаа својата опшествено одговрност,  се вклучија во обновување и целосната реконструкција на тоалетите каде што учат децата со посебни потреби.

Но, покрај реконструкцијата,  она што привлече внимане е иновативноста и кратививноста на изведбата –  тоалетите наликуваат на бајковита приказна  каде се исцртани  ликовите од бајките кои децата ги обожаваат.

Кријативноста и идејното решение привлече интерес кај јавноста и медиумите кои ја пренсоа оваа инфомрација како позитивен приказна  како треба да се грижи заедницата и институциите за децата со посебни потреби , а на својат фејсбук профил страница со гордост се пофали и им се заблагодари  на сите компании кои помогнаа од  името на децата со посебни потреби , директорот на училиштето Ахил Јаков.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе