ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО И ФОТО) Со еко мармалад, за вечно пријателство – учениците готвеа со своите врсници од други три држави

СОУ „Наум Наумоски Борче„- Крушево дел од проектот „Business and creativity“

418

Домаќини беа тие,  СОУ Наум Наумоски Борче-Крушево, а Крушево беше идеалното место на Балканот  за  еко акции и размена за взаемни искуства меѓу ученици од други три држави.

 

 

Неколку дневното гостување на ученици од Р. Турција, Р.Романија и Р. Бугарија, со нивните ментори, учесници во проектот „Business and creativity“, беше вистинска можност за пренесување взаемни искуства за почитување на животната средина и создавање на креативни идеи кои можат да преминат во бизнис идеи..

Гостите од Р. Турција, Р. Романија и Р. Бугарија и домаќините  СОУ Наум Наумоски Борче -Крупево, со заеднички труд  изработија уметнички дела и флаери со ЕКО содржини, како и предмети од рецикклирачки материјали  и ги имплементираа во наставата во училиштето – домаќин.

Но, најинтересно беше кога во практичното спроведувае на проектот беше подготовката на еколошко јадење. А што е поубаво во овие есенски денови ако не еко мармалад, кој мирисаше низ цело Крушево.  Мармаладот од сливи, беше рецепт на крушевчани, во котелот мешаа ученици и ментори од  Рпаманија, Турција и Бугарија,  а сите на крајот го пакуваа во еко – теглички, за дегустацијата да биде заедничка,  а идејата прекрасна, и верувајте ВКУСНА, прсти да излижиш.

Се одржа и заеднчка еко акција –  засадување на цвеќиња и дрвни насади. Секоја земја учесник во проектот засади цвеќиња и дрвца карактеристични за своето поднебје, со што продонесоа за хортикултурно укредување на дворот на училиштето „СОУ Наум Наумоски Борче“

На 22-ри учеснците во проектот го одбележаа и Меѓународниот ден без авотомобили.  Учениците и вработените во СОУ “Наум Наумовски – Борче’ Крушево,  заедно со гостите, со марш по главната улица во Крушево , апелираа за помало користење на автомобилот и зачувување на чистиот воздух и укажаа колку е важно да се чува животната средина за заштита на планетата Земја.

Ваквите проекти на взаемна соработка помеѓу ученици од повеќе држави  продолжуваат, а СОУ Наум Наумоски Борче- Крушево само ја потврдува својата заложба, ученците да бидат и праткично и активно вклучени во наставниот процес, како од гимназиското, така и од угостителското обвразование.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: