ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Тримир женски празник, празник на армасаните девојки, адет на прилепчанки

1.427

Здружението на жени „Преродба“ , го одбележа „Тримир“, православен празник, кој се слави на третиот ден по Прочка. Пораката на овој празник е љубовта,  среќа на младенците кои таа година се вериле или стапиле во брак, „успех во животот како и плодност“, велат од од здружението „Преродба’ ,кои се негувачи на македонската традција и обичаи.

 

„Тримири е женски празник. Ние во Прилеп го славиме навистина богато, го славиме со векови.  Сите обичаи поврзани со овој празник сме го презеле од нашите баби ,мајки и се надеваме дека традицијата и обичаите кои ги носи овој празник ќе ги продолжат и генерациите по нас. Празникот ја манифестира љубовта, бидејќи овој празник е посветен на верените девојки или младите невести. Се оди кај мајките на невестите, поканети роднини и пријатели, се носат подароци се пеат песни  Младите се канат кај мајките за да бидат благословени од мајките, да имаат дечиња и да се множи фамилијата. Овој празник, е празник за армасаните (верените) девојки „-  ни раскажа Добринка Илиеска

 

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/1481402608702918/

 

ПЕЧНИЦА СО КОНОПНИ ЗРНА, СПЕЦИЈАЛИТЕТ  ЗА                       ПРИЛЕПСКИОТ ТРИМИР ЗА РОДНА ДА БИДЕ ГОДИНАТА 

 

 Карактеристично за Тримир е што трпезате е богата со посни јадења. Но, во Прилеп, покрај другите “гурманлаци”, се приготвува и таканаречената “бела пченица од конопни зрна” чиј рецепт се практикува со децении без никакви видоизменувања, но и љубоморно се чува како прилепска традиција. Пченицата е симбол на плодноста “родна да биде годината„  вели Менче Пеоска

„Овие јадења се подготвуваат на Тримир: посно гравче, сарма посна од зелка со големина на лешник, кравајче, погача, на трпезата треба да има овошје, голем број на благи десерти, компоти од овошје, зелници од спанаќ, со фил од кромид и печурки, боза..Но, најважно што се нуди е пченица подготвена од конопни зрна, што е прилепски адет и специјалитет за тримири, а каректиеристично е што течноста во пченицата е бела како млеко. Се подготвува така што од вечер се вари пченицата,а конопните зрна се оставаат да киснат во вода. Утрото потоа пченицата се мели. Во конопните зрна се става топла вода, се ицедува течноста да биде бела и заедно се мешаат и пченицата , и конопните зрна ,и тоа е специјалитет за прилепскиот тримир „

„Тоа е и мисијата на здружението „Преродба“ да ја сочува и пренесе традицијата„ потенцира претседателот на здруженито Преродба , Лилјана Ѓорѓиоска.

„Ние сме едно од најактивните здруженија кое доследно ја чува традицијата и обичаите од нашите мајки и баби, бидејќи денес младите доста изменуваат во ваквите празници ,а ние се обидуваме да го зачуваме афтентичноста на обичаите кои се негувал со генерации.“

ТРИМИР значи тридневен пост во не јадење и не пиење 

 Во целиот тримирски адет, особено се респектирани оние жени кои “држеле” Тримир.  Бидејќи, по Прочка почнуваат Велигденските пости,  адет е три дена по Прочка да не се јаде, ниту вода да се пие .Тој што тоа ќе го издржи, тој се смета благословен во текот на целата година. А, денеска. среда на црковната Литургија, на предходно осветените дарови, оние кои држеле Тримир се причестуваат .
Оноја што „држи„ Тримир му доаѓаат канети гости и нему му се носат подароци, боза,  овошје и благи посни десерти.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: