ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Битола и Охрид фатени на дело двајца прилепски крадци

443

Во два оддвоени случаеви во Битола и Охрид двајца крадци се пријавени фатени на дело:

На 05.08.2022 година во 22.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола на ул.„Македонски Гемиџии“ лишен е од слобода Е.Б. (32) од Прилеп. Тој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од објект на правно лице. Е.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

На 07.08.2022 година во 12.45 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Д.(51) од прилепското село Големо Коњари. По пријава од малолетник од прилепското село Големо Коњари, тој бил затекнат непосредно по извршена кражба на пари од сместувачки објект во Охрид. Парите се пронајдени и вратени на оштетениот, а против сторителот, кој е приведен во полициска станица, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: