ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Крушево доделени уверенијата за градоначалник и членови на Советот

850

На градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и новоизбраните советници во Советот на општина Крушево им беа доделени уверенијата од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Драгана Куртеска Филипоска. Старо – новиот градоначалник им честита на новоизбраните и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите.

„Ви честитам на сите и ви посакувам вашата работа да биде запаметена. Сега наш интерес е Крушево и сите сме од една партија. Со среќа!“, порача градоначалникот Христоски.

Се очекува конститутивната седница да се одржи во најбрз можен рок.

Новиот состав на Советот на општина Крушево за периодот 2021 – 2025 година се состои од 6 советници од коалицијата предводена од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 советник од Алијанса за Албанците.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: