ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Пелагонија дрога со килограми – Во Битола запленета 250 кг., а во Прилеп одземена од препродавачи

710

На 16.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со тимови од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола, лишени од слобода се пет лица, а запленета е дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра.

Имено, по добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава,стои во  од полицискиот билтен на СВР Битола
ПРИЛЕП
На 17.08.2022 во 00.30 часот во Прилеп на спортски терен на ул.„Димитар Влахов“ од полициски службеници од ОВР Прилеп, Одделение за недозволена трговија трговија лишени се од слобода А.М.(22) и А.С.(22), двајцата од Прилеп, бидејќи кај А.М. е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

На 17.08.2022 во 01.05 часот во Прилеп во угостителски објект на ул.„Февруарски поход“ полициски службеници од ОВР Прилеп, Одделение за недозволена трговија го лишија од слобода Б.С.(33) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: