ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Круг“

320

Театарот „Војдан Чернодрински“ започна со подготовките на новиот проект – „Круг“ по текст од Едвард Олби, во режија на Јован Ристовски. Оригиналното име на текстот е „Дамата од Дебјук“ од Едвард Олби, текст што ќе биде праизведен во Македонија. Драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска го направи преводот и драматизацијата. Во претставата ќе се зборува за една приказна, за една врска, брак кој се распаѓа, вели режисерот Ристовски.

    „Причините не се заради несогласувања, туку заради тоа што едниот лик, Џо умира од рак и нејзиниот партнер Сем не знае како да се соочи со смртта. Го губи тлото, самодовербата и не ја прифаќа вистината. Ова е интегрална приказна, која за мене е  мотив да проговорам како се распаѓа едно друштво. Оваа приказна  на Олби е за распадот на едно општество, на еден општествен систем, за распадот на еден театар, на било како тип на заедница. Мотивите беа да ги прикажам нашите лични проблеми во театарот, бидејќи во театарот во Македонија  последниве  години се лута, не знаеме во кој правец се движиме, што е театар, каде е нашата дисциплина во работата, нашата професионалност!?  Мислам дека како театарџии треба да се запрашаме до каде сме, што сакаме, што правиме? Всушност правам претстава за проблемите кои ги тргаме настрана. Напротив треба јасно да проговориме за нас, за нашето јас. Треба самите ние да се преиспитаме  за да увидиме каде грешиме и да станеме подобри. За разлика од многуте ракурси што се отвораат во театарската уметност во Македонија, со оваа приказна, како режисер,  сакам да раскажам за нас“, појаснува Ристовски.

Во новиот проект играат Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска и Александар Тодески.

Премиерата  е планирана во средината на јули. Претставата е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: