ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вработен во гимназијата „Мирче Ацев“ крадел нафта и ја оштетил институцијата со 200 илјади денари

623

Околу два тони нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови.

Директорот Рубин Матески  посочил дека грабежот е дело на вработен во училиштето. Вработениот во истиот  момент е суспендиран, додека пак случајот е пријавен.

Имено, од безбедносните камери  вработениот бил виден како изнесува нафта, откако претходно било забележано дека е истурена нафта кај влезните скали.

  • На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола.

Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: