ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Втора фестивалса вечер со најмасовна посетеност

706

И синоќаа втората фестивалска вечер на Пиво фест 2022,  штандовите на пивниците беа преполни со посетели. Се бараше место плус, но најмногу посетител пред главната бина и настапот на еминентни музички имиња и групи .

Забавата  започна во 19 часот со настапот на Рок Блуз бенд, продолжи со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, за да кулминира со енергичниот настап на Брас Брадрс. Н а алтернативната сцена свои дј сетови имаа Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.

Денес се очекува и најмасовна посетеност на фестивалот. Бројот на посетители досега е големо изненадување и според организаторите далеку над сите очекувања и прогнози,споредбено со  првите два дена. Со вчерашниот настап на Дивље Јагоде и денешниот на Хара Мата Хари, веќе во градот денеска може да се забележат и гости од регионот.

„Фестивалот ја раздвижи локалната економија во Прилеп, па овие два вечери активно работат дуќаните во старата прилепска чаршија и локалите кои гостопримливо го пречекуваат секој гостин. Особено морам да му оддадам признание на вработените во ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација,  бидејќи се на висината на задачата.  И ова утро, како и вчера, градот од раните утрински часови блескаше во сиот свој сјај,  без ниту еден куп отпад од претходната вечер, со чисти и измиени улици и чисти парковски површини“- посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Вечерва, програмата на главната сцена почнува во 18 часот, со настапот на DJ Вера Јанковиќ, а продолжува со Суперхикс, Ламбе Алабаковски, Лозано, Некст Тајм и Хари Мата Хара, додека на алтернативната сцена свои Dj сетови ќе имаат Dj Mitrik, Dj Dimitr, Dj Alexander од ROOMMANIA.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: