ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За идните студенти – Перспектива од секој аспект Економски факултет – Прилеп

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

837

 Со цел да се запознаат со студиските програми, средношколци од Прилеп, Неготино, Кавадарци, Битола, Крушево, М.Брод,Демир Хисар,Кичево главно од Пелагонискиот регион, беа во посета на Економскиот факултет-Прилеп. Факултетот ги пречека идните академски граѓани со големо добредојде, а професорите ги објаснуваа студиските програми ,условите и можностите за студирање на оваа високо образовна институција.

 

Р.П: Кои студиски програми ги нуди Економскио факултет-Прилеп

Факултетот е трендовски орентиран и ги следи потребите на стопанството и бизнис секторот, сите студиските програми постојано се обновуваат  во склад со потребите на заедницата. Е – бизнис,   Менаџмент , Сметководство и ревизија, Социјално претприемаштво ,  Меѓународен бизнис, Маркетинг менаџмен, Банкарство и финансии се дел од современите судисите програми кои ги има Економскиот факлтет Прилеп. Програмите се  дизајнирани според европските стандарди во високото образование и секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот и едукација на профилте на кадари. Интереси се затоа што овие студиски програми се  потребни  на пазарот на трудот,како во Република Македонија, така и во странство, во секој област – истакна деканот на Економскиот факултетот, Горѓи Манчески

Р:П Зошто средношколците би го одбрале токму Економскиот факулет за продолжување на нивното образование?!

„Изборот да се студира на Економскиот факултет би го гледал од два аспекти , прво најголем број работни места за високообразовани кадри има за економисти ,кои се потребни во сите фирми, за разлика од оние стручни факултети кои се специјализирани за работа во одредени фирми кои ја бараат таа специјалност.

Второ Стидиските програми кои ги нудиме, на пр. менаџмент и маркетинг, за нив  има потреба во сите фирми и институции,  значи најголем број работни места и најсигурно и најбрзо вработување може да се направи со едукација на некои од економските студиски програми кои ги има на Економскиот факултет – Прилеп.

Исто, така нашиот факултет е меѓународно признат. Многу од студентите продолжуваат да работат и во странство. На факултетот имаме и постдипломски студии, што значи, веднаш по завршувањето на додипломските студии, студените можат да го продолжат своето образование, со што се зголемува нивната вредност на пазарот на трудот.

Имајќи предвиде дека факултетот има тесна соработка со компаниите од регионот и препораката на кадри за тие да работат во нивните  компании, мислам дека Економскиот факултет-Прилеп  е добар избор за средношколците, бидeјќи нуди перспектива од секој аспект – потеницра деканот на Економскиот факултет, Горѓи Манчески, на Отворените денови “  кои традиционално ги организира факултетот по шести пат.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: