ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За кои струки и сектори имало најголем интерес за упис во средните стручни училишта

720

Новината која што стартуваше од годинава – електронско пријавување за упис во средните училишта, внесе потешкотии и за учениците и за средните училишта. Не секое семејство е опремено со потребните технички алатки (компјутер, пристап до интернет, скенер). Од друга страна пак, бидејќи често учениците ги забораваат лозинките за пристап кон електронскиот систем на ТИМС, училиштата не беа во можност да им помогнат за влез во електронскиот систем и прикачувањето на потребните скенирани документи за упис.  Пријавувањето започна од 10 ти јуни и траеше заклучно со 15 часот на 15 јуни. Очекувано најголем интерес има за дуалните паралелки во училиштата и за стручното образование кое е дефицитарен кадар на пазарот на трудот.

Во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ до крајниот рок од електронското аплицирање се пријавиле 230 ученици.

„Листата ќе се филтрира бидејќи има грешки во електронскиот систем, така што денеска до 19 часот ќе се знаат конечните резултати од првото пријавување. Најголем интерес има за графичкиот сектор и за секторот електротехника – дуалната паралелка,“ вели Цветанка Ѓорѓиоска, директор на СОУ  „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп.

Според првичните информации слично е и во другите стручни училишта во Прилеп.

Во СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу информираат дека се задоволни од првото пријавување на учениците, но сеуште има слободни места, особено во новата струка Е трговија и дигитален маркетинг, една од поатрактивните струки во денешното дигитално време. Најголем интерес учениците пројавиле за  економската струка, економски техничар – дуално образование и за струката правен техничар.

Од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп велат дека во последните 20 години немало олгав интерс за струките кои се на располагање за идните средношколци. Вкупно се пријавиле 110 ученици во првото пријавување. Најмногу интерес имало за профилот – очна оптика и медицински и хемиски лаборант, но не помалк интерес има и за останатите струки.

– Во второто пријавување кое ќе се одржи на 21 и 22 јуни освен за профилот очна оптика,  највисокиот праг на поените се намалува за сите останати профили и струки што е добра можност при изборот на учениците. Што се однесува до електронското пријавување, нам ни ја олесни работата“, вели Анета Пејоска директор на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.

Слободни места за второто пријавување има и во СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево. Најголем интерес учениците пројавиле за гимназиското образование, додека за угостителско – туристичката струка очекувањата се дека поради дуалното образование и дефицитарните струки барани на пазарот на трудот, во наредните пријавни рокови ќе има доволен интерес и за овие струки: готвач, слаткар, келнер, хотелско – туристички техничар, угостителски техничар и хотелско – ресторански техничар.

 Денеска училишните комисии ќе  вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а утре сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk)

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: