ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За подигање на свест и поддршка на она што се наоѓа зад мистеријата, Акромегалија

860

Пишува:Јасмина Христоска

1 -ви Ноември е Меѓународен ден за подигање на свесноста и поддршка за лицата со Акромегалија. Тоа е доволна причина да проговориме за една ретка болест која засегнува 5-7 лица на 100 000 популација, болеста со сто лица. Зборувај и слушај! Со над 100 ретки и генетски нарушувања опфатени до сега.

Зад мистеријата, наречена Акромегалија стои тумор од клетки на хипофизата кои ствараат прекумерно лачење на хормон за раст ,GH, а во исто време го придвижуваат црниот дроб да ствара Инсулин IGF-1 фактор. Заедно тие создаваат метаболистички промени, промени на рацете, нозете, рскавицата, р’бетниот столб, черепот, максилофацијални промени, дијабетес, слепило, промени во вид на раст на внатрешните органи.

Што е заедничко на лицата кој ја носат оваа ретка болест, Акромегалија ?

Тие физички не личат на луѓе на кои ќе им биде дијагностицирана акромегалија на 30,40 или на 50 години. Ова се лица на храбри, силни, еластични луѓе за кои раното дијагностицирање, тестирање и третман на оваа #rare #diseases #ретка #болест може да направи огромна разлика. За да може да се помогне за навремено откривање би ве замолила да ги споделете симптомите, бидејќи учењето и споделувањето на овие вообичаени знаци и симптоми може да спаси животи.

– Главоболки

– Замор

– Болки во зглобовите

– Отекување на меките ткива

– Зголемена големина на прстен / чевли

– Дијабетес

-Намалување на видното поле и слепило .

Понекогаш и докторите велат дека болеста е ретка како вас. Не дозволувајте да победи! Дајте борба! Ви благодариме Радио Пела што ни помогнавте да ја шириме свеста на овој ден. Свеста спасува животи!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: