ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За состојбата во здравството критикуваше опозицијата. Власта возврати со соопштение

685

Опозицијата во Прилеп , денеска на прес конференција ја критигуваше одлуката на власта за реорганизацијата на јавните здравствени институции во Прилеп и нивното спојување во една. А, ОО на СДСМ Прилеп возврати со соопштение, во кои ги изнесе свои савови , на оваа тема.

И, додека целиот свет и сите влади се посветени на борбата со пандемијата, преку обезбедување вакцини, нашата неспособна влада која нема обезбедено ниту една вакцина досега, ја замајува јавноста преку соопштенија и како тоа граѓаните ќе добивале поквалитетни услуги на едно место, преку преземање на овој чекор.Oна за што сведочат граѓаните е дека состојбата во здравството е поразителна. Дисфункционалноста на здравствениот систем ја чувствуваат на сопствена кожа, оставени на милост и немилост.

И додека власта допрва ќе се занимава со некакви анализи, прекројувања на буџет, намалување на членови на управни одбори и спојување на возни паркови на здравствените установи во Прилеп, квалитетните лекари и медицинскиот персонал, заминуваат од Македонија во потрага по поквалитетни услови за работа. Пред само три дена, во јавноста одекна голем скандал поврзан околу снимен разговор. Од она што можевме да слушнеме прашуваме:Дали за склучување на договор за вработување во Болницата е потребна консултација на партиските послушници со директорот Богојески и партијата? Дали партискиот амин е клучен за тоа дали некој ќе се вработи или не? Дали сте свесни дека го бркате високо квалитетниот кадар, кој наместо тука да работи и придонесува во здравствениот систем, треба да слугува и да ги оправдува погубните политики на СДСМ?Почитувани,Иако власта ветуваше дека ќе се почитувал и вреднувал квалитетниот и професионален кадар, сепак накрај живот во Македонија донесоа само за партиските пулени. Болницата тоне во огромен долг од околу 30 милиони денари, а Здравствениот дом во долг од околу 15 милиони денари. Прашуваме дали е вистина дека на местото на актуелниот директор Драган Богојески, како директор на болницата со проширена надлежност доаѓа поранешната пратеничка Кети Смилеска? Дали причината за ваквото кадровско решение, можеби е лошото менаџирање со болницата, или пак причината лежи во друг уште поголем скандал? Јавноста заслужува одговор на овие прашања. Потребно е одговорно, транспарентно и домаќинско работење каде ќе се ценат стручноста и компетентноста на поединецот -потенцира Ирена Стерјовска Локвенец

Со соопштение како одговор на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ се обратија од Центар за комуникации со јавност од ОО СДСМ Прилеп.Во дописот до медиумите се вели:

Советничката од редовите на прилепскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Локвенец Стерјоска, по примерот на нејзинот лидер Мицкоски, во време на колективна борба со коронавирусот, шири црна кампања против македонското здравство.Мицкоски и Стерјоска, не се грижат ниту за граѓаните, ниту за јавното здравје, ниту за здравствените работници. Единствената нивна грижа е заштита на криминалците во сопствените редови и блокирање на постапките, кои против нив се водат во судовите и обвинителствата. Во таа насока, денешниот обид на Стерјоска да манипулира со состојбите во прилепската болница, е само очаен чекор за дефокусирање на вниминието на јавноста од новата кривичната пријава која ОВР Прилеп ја поднесе против екс градоначалникот, Марјан Ристески. Јавноста со нетрпение го очекува и исходот од судските постапки кои се поврзани со директорувањето на Стерјоска со Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за здравството.За време на нивното 11 годишно владеење, прилепската болница го допре дното. Оставија огромни долгови и недостиг на лекари, медицински персонал и опрема во сите одделенија. Синоним за партизирање на Општата болница во Прилеп е токму поранешниот прв човек на ДПМНЕ од градот и актуелен пратеник, Петар Ристески, кој самиот им порача на вработените дека таму биле вработени заради партијата, а не дека биле стручни, зашто во јавноста постојат и аудио снимки.

СДСМ во континуитет ги подобрува состојбите во здравството.Само во последните две години, за 4 пати ја зголемивме во здравството. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Овозможивме над 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. За разлика од Мицкоски и ДПМНЕ, СДСМ го штити здравјето на граѓаните и ги цени и вреднува оние кои се на првата борбена линија со Ковид-19.-се вели во соопштението на ОО на СДСМ Приелп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: