ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018

1.138

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

Исплатата на субвенциите за тутунот се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019-та и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун.

Започнувајќи од реколтата 2017-та Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство воведе нов начин на зголемено субвенционирање за тутунот во три нивоа. Согласно овие промени, субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60  денари за трета класа и дополнителните класи.

Во реколтата 2018-та се засеаја  14.802 хектари со тутун што е за 387 хектари повеќе од 2017та, а се склучија  34.104 договори или 4.700 договори повеќе од 2017-та година. Откупот на тутунот од реколтата 2018 заврши навреме, во рамки на законскиот рок. Се откупија над  25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

Минатиот месец во Собранието помина Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, а измените  предвидуваат укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите. Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите и други поволности за тутунарите, компаниите откупувачи и генерално за целиот сектор.

Инаку, тутунопроизводството  во Македонија е  стратешка извозна гранка  и носи девизен годишен прилив  од колу 100 милиони евра.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: