ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна ликовната колонија „Дрен 2022“

297

Од денеска,  па до трети јули, по 14 ти пат, ЦК „Марко Цепенков“, ќе ја реализира традиционалната ликовна колонија „Дрен 2022“. Ќе творат 16 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство. Своите инспирации на платно и во скулптура ќе ги преточат Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски и Мирјана Крстева Масети и Павлина Илијеска. Почесен гостин на колонијата ќе биде доајенот на македонската скулптура професорот Васил Василев.

Делата создадени на годинашната колонија ќе бидат претставени на изложба на есен. Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: