ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ООУ „Климент Охридски„ го одбележа својот патрон

565

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на Св. Климент Охридски, во дворот на ООУ „Климент Охридски“  денеска градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и преставници на Советот на Општина Прилеп, вработени, ученици и подржувачи на ликот и делото на Св. Климент, се поклонија пред неговата бистата, укажувајќи на неговото дело и лик.

 

Прилепско осноно училиште, кое го носи името на СВ .Климен Охридски, го одбележаа патрон празник со и со пригодна програма подготвена од учениците, со која ги потсетија присутните на делата на првоучителот и најверниот следбеник на браќата Кирил и Методиј,Св.Климен Охридски.

Градоначалникот Јовчески , испрати честитка по повод денешниот празник во која стои дека Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет Во честитката се вели  „Свети Климент Охридски е Творец, на Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и дело на повеќе полиња,  тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет„.- пишува во честитката на градончалникот до граѓаните

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: