ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Автокино под отворено небо во дворот на ООУ „Гоце Делчев“

997

Прилепчани ќе имаат ретка можност да гледаат филм под „ѕвездено небо„ од својот автомобил. Тоа задоволство ќе им го овозможи Тимот на Tuning CAR SHOW Prilep, кои утре, петок, 25 август, во дворот на ООУ „Гоце Делчев “ организираат автокино под отворено небо каде на големиот екран ќе биде прикажан  култниот македонски филм ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ.

Ако никогаш не сте присуствувале на кино на отворено, со својот автомобил, еве, ова е одлична можност да го имате тоа несекојдневно доживување .

Филмот ќе се прикажува во 21 часот, влезот е слободен (условот е да имате автомобил) , а во 19 часот организтрите,  Tuning CAR SHOW Prilep ќе ја презентираат програмата што ја подготвуваат,  за нивната  15-та изложба на автомобили,  која трaдиционално ќе се одржува на  11-ти Октомври .

Настанот Автокино под отворено небо  е во организација на TOROS film studio и Tuning CAR SHOW Prilep, со поддршка на Општина Прилеп и Министерството за култура.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе