ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Авто Контрол од утре,11 ти февруари, недела, ќе доделува НМК налепници

422

Во интерес на клиентите, Станицата за технички преглед Авто Контрол утре ќе работи од 10 до 16 часот со цел да овозможи нивна непречена работа и патување во странство. Возачите кои мора да патуваат итно во странство, утре, недела, 11 ти февруари во Авто Контрол-Станица за технички преглед ќе може да добијат налепници со ознаката НМК.

Според насоките на Министерството за внатрешни работи, клиентите мора да дојдат со своите возила во станицата за технички преглед и налепниците со ознаката НМК да биде поставена од стручно лице – контролор:

-Информираме дека при подигнувањето на налепниците потребно е во Станицата за технички преглед да отидат возачите со своето возило и со сообраќајна дозвола. Од референтите во Станицата  ќе биде издадена налепницата која на возилото ќе ја залепи контролор од Станицата за технички преглед, се вели во соопштението од МВР.

Налепниците се бесплатни.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе