ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Авто Контрол Станица за технички преглед одбележува 10 години од постоењето

1.883

Една декада од формирањето одбележува денес Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.  Од сон, од идеја, воден од љубовта кон автомобилизмот Љупчо Перканоски заедно со својата сопруга Даниела пред 10 години започнаа да ја градат компанијата од занаетчиски авто сервис, која денес прерасна во една од најреспектабилните од својата област во Македонија. Судбината не дозволи Љупчо, креаторот на идејата за Авто Контрол, денес да го слави десет годишното постоење заедно со вработените, соработниците, клиентите и пријателите.

„Во мај 2014 година нашиот заеднички сон беше да создадеме компанија која ќе го достигне врвот од областа на станиците за технички преглед. И успеавме…Но, животот е непредвидлива игра. Од една страна судбината… Од друга страна луѓето… Само тука победник нема.

Нека овој ден е празник  во чест на мојот сопруг Љупчо, за неговата неизмерна енергија и посветеност кон автомобилизмот, “ рече Даниела на затворањето од петтиот Македонскиот оф роуд 4×4  во Крушево изразувајќи благодарност до вработените, соработниците, клиентите и пријателите по повод 10 годишнината од постоењето на Авто Контрол Станица за технички преглед.

Денес Авто Контрол е синоним за еснаф, за посветост, синоним за професионалност во сферата. Компанија која се одликува со одговорност и посветеност во извршување на услугите кон корисниците, со неуморна работа за подигање на степенот на безбедност во сообраќајот со примена на високи стандарди во работењето.

За време на патот до успехот Авто Контрол ги краси уште една доблест – тоа е општествената одговорост кон заедницата. Кога ќе се споменат имињата на Љупчо и Даниела Перканоски со Авто Контрол тоа секогаш асоцира на подадена рака за добробит на заедницата, за поддршка во спортот, во културата, здравството, а особено во едукацијата за подигнување на свеста за сообраќајната култура.

Авто Контрол месец мај го посветува на своите соработници и клиенти со подароци при секој извршен технички преглед на возилото. 

На нашите клиенти им благодариме за довербата и лојалноста што ни ја покажувате секој ден. Вашата поддршка е наша инспирација за напредок и подобрување. Грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, за што нашите клиенти не’ наградуваат со долгогодишна доверба и лојалност. Благодарност за честитките, продолжуваме по истиот пат,“ вели Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.

АВТО КОНТРОЛ Прилеп низ 10 годинишното искуство стекна многу задоволни клиенти и соработници благодарение на стекнатата доверба изградена со професионалност, со разбирање и почит.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе