ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Александра Трајческа – силен , моќен и препознатлив вокал на македонската музика сцена (ВИДЕО + ФОТО)

Прилепски музички бисер - Александра е вистинско освежување на македонската поп сцена

587

Од многуте музички освежувања на овогодинешниот “МакФест 2023” прилепчанка Александра Трајчевска заслужено го привлече вниманието кај публиката но и кај македонската јавност.Испеа одлична песна со наслов “Не сакам” и уште еднаш се претстави во блескаво издание.Таа е прилепчанка , ненаметлива но шармантна, со свој изграден  имиџ но и со фантастично однесување на сцена и настап кој плени, оригинална , емотивна и совршена со силен , моќен и препознатлив вокал.

Александра беше дел од нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , и за нашиот медиум вели дека е задоволна од тоа како ја изнесе песната пред штипската публика.Се заблагодари и на сите позитивни коментари за оваа прекрасна композиција.

19 годишната Александра во текот на својата музичка кариера победи и на престижниот фестивал “Езерски бисери” како и на шоуто “Заблескај” , но овој пат блесна во вистински сјај , прилепскиот музички “дијамант”.Тимот на Радио Пела посакува уште многу многу успеси во нејзината кариера , уште многу нови авторски хитови кои ќе се гледаат и слушаат со внимание.А нашата Александра го заслужува тоа.Во продолжение погледнете го и разговорот.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе