ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

299

Во организација на Фондација за македонски јазик Небрегово и НУ Завод и музеј Прилеп денеска се одржа отворен час во чест на кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески по повод 30 години од неговата смрт. Отворениот час започна со полагање на цвеќиња на споменикот Блаже Конески на платото од Центарот за култура Марко Цепенков, од делегации од НУ Завод и музеј Прилеп, од НУЦК „Марко Цепенков“, општините Прилеп и Долнени, од библиотеката, од ОУ „Блаже Конески“ и од Клубот на литературни творци – Прилеп. Во чест на великанот со творби се претставија ученици од ОУ „Блаже Конески“, како и поети од Клубот на литературни творци – Прилеп.

 

Како научник-славист, Конески ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во Комисијата за азбука, во составувањето на првиот Правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, но и Историјата на македонскиот јазик, а е еден и од составувачите и главен редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик. Родната куќа на Конески во селото Небрегово, од 1-ви август 2005-та година е прогласена за македонски Споменик на културата.
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 во прилепско Небрегово, а почина на 7 декември 1993 во Скопје.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: