ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Без спортски сали, нема развој на спортот – порачаа прилепските спортски ветерани

317

Здружението на спортски ветерани денеска додели 10 тина признанија на поранешни спортисти и  спортски педагози, професори и наставници, легенди во воспитно образовната дејност од областа на спортот во Прилеп.  Спортските сали беа симбол на врвните постигнувања во прилепските екипни спортови.  Без спортските сали Македонија,Универзална, Партизан,  Прилеп уште долго време нема да се развива на спортски план, порачаа спортските ветерани.

Локалната заедница треба да направи напори децата и младите да се вратат на спортските терени, спортот е здравје, спортот е уште едно училиште во животот, спортот бил и остана амбасадор и промотор на највисоките вредности. На младите и на спортските работници им требаат основни услови за трениниг во клубовите, а прилепската публика веќе подолго време е желна да проследи и да навива за своите клубови. За жал, денес на спортски Прилеп му недостигаат основните услови за развој посочија легендите, некогашни спортисти, тренери, професори, наставници.  Од град кој што беше препознатлив по врвен спорт и публика која ги полнеше салите и стадионите,  Прилеп денес не може да се пофали ниту со основни услови за спортување.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе