ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Струмица, Победа против Беласица без тројцата казнети играчи

191

Утре, сабота, од 15 часот на стадионот „Младост“ во Струмица се игра дерби на петтото коло од Втората македонска фудбалска лига меѓу домаќините Беласица и Победа. Прилепскиот второлигаш ќе настапува без свои тројца играчи од одбраната Стефан Спиркоски и Христијан Кукески кои се казнети да не настапуваат на 3, а голманот Антонио Столевски на 4 натпревари. Црвените картони им беа доделени на играчите на Победа на дуелот дома со кочанското Осогово (1:0).

Победа по четвртото коло е во средината од табелата на Втората македонска лига со 7 бодови, а Беласица има шест, со евентуален позитивен исход ќе може да фати приклучок со екипите на водечките позиции.

Табела: Беса и Кожуф 12, Пелистер и Детонит 10, Башкими 9, Победа 7,  Беласица и Новаци 6, Охрид и Скопје 4, Арсими, Караорман, Тетекс и Вардар (Н) 3,Саса 1, Осогово 0.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе