ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Ѕуница одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

261

Во Центарот за лица со ментална попреченост „Ѕуница“ со пригодна програма симболично беше одбележан 3 ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Присуствуваа претставници од од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Општина Прилеп, претставници од здруженија, родители и гости. Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 ти декември е повод да се проговори, но и да се иницира дали државните и локалните институции прават доволно за лицата со инвалидитет.

Во Дневниот центар Ѕуница користат услуги 13 лица на возраст  од 7 до 38 години, а до крајот на годината тој број ќе се зголеми до 20. Нема ограничување на возраста се додека не се направат системски промени за годишната граница велат од таму.

Значи со навршување на возраст од 26 години, не ги исклучуваме од дневниот центр, меѓутоа остануваат кај нас, продолжена е границата, зашто имаме корисници и со 38 години и тој тренд ќе продолжи и понатаму. Се додека не се создадат некои нови услови во државата, каде што ќе можат со наполнуване на одреден возраст на корисниците да бидат згрижени во групни домови, каде што ќе бидат со 24 часовен надзор. Остануваат тука корисниците и сме поддршка и за корисниците и за нивните семејства. Моментално бројката е 13 корисници, се надеваме дека до крајот на годината ќе броиме до 20. Има листа на чекање, голем дел од лицата со попреченост е инклузиран, уште од најмала возрадна се вклучени во градинки, од градинки почнуваат во основно училиште кај што имаат образовни асистенти, од основно продолжуваат и во средните училишта. И сега, ако според нивните психофизички способности после завршување на средно образование, доколку не се вработат или не се најде моментално решение, ги префаќаме ние како Дневен центар со цел да се има некоја рутина во одржување на комуникација, социјализација на корисниците и да не останат само во домот.

Во Прилеп исполнети се капацитетите на двата дневни центри посочува Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, институција надлежна за двата центри „Ѕуница“ и „Центарот за лица со церебрална парализа“.

„Согласно заложбите на Министерството за труд и социјална политика сме во можност и успеваме да им пружиме добра социјална заштита на овие лица, да поминуваат квалитетно  добар дел од својот ден за нивна социјализација и вклучување понатаму во општеството, но и за одмена на родителите да имаат одреден ден слободен кој можат да го искористат за домашни активности или да се вклучат во работен процес. Капацитетот на овие два дневни центри согласно барањата кои ги имаме за лица да се вклучат во истите, моментално ги исполнуват капацитетите и да не се исклучи дневниот центар со кој раководи здружението „Порака“, кој се наоѓа во просториите на старата општина. Согласно територијата, со бројките со кои располагаме во моментов, капацитетите на овие дневни центри се доволни да го покријат населението на општина Прилеп.

Согласно возраста постојат и други инструменти со кои се овозможува грижа и социјализација на лицата со попреченост според Законот за социјална заштита. „Ни едно лице со попреченост во Прилеп не останало на улица“, вели Тошески.

„Во оној момент кога родителите не можат да продолжат да се грижат за овие лица со попреченост има установи  и здруженија кои пружаат услуги, тука ја имаме личната асистенција  и  услугата Помош и нега во домот, како и малите групни домови кои ги организира Министерството за труд и социјална политика, каде што овие лица во иднина би имале 24 часовна поддршка и грижа. На територија на општина Прилеп немаме, но согласно ресурсите на Министерството, ниедно лице со попреченост за кое нема кој да се грижи не е оставено на улица. Сите овие лица се згрижени во соодветни мали групни домови кои не значи дека треба да ја бидат на територијата на општина Прилеп. Мали групни домови има во Неготино, во Скопје, во Демир Капија, зависно од провајдерите, бидејќи сега со новиот Закон за социјална заштита, здруженија на граѓани, кои се лиценциријани, ја даваат оваа услуга. Се работи за едни многу хумани услови, каде што помали групи од 4-5 лица живеат со 24-часовна поддршка, каде што има грижа од психолог, социјален работник, дефектолог, така да можам да кажам дека државата во овој момент има доволно капацитет, има создадено капацитет и за грижа на овие лица,“ рече Тошески.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе