ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Време е да се размислува: “Каде да се запишам? Кое средно училиште да го одберам?„ – СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објави конкурс за упис во учебната 2024/2025

147

Конкурсот за запишување ученици во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп ( позната како медицинско училиште ) за учебната 2024/2025 година веќе е објавен и ова е добар период да се размислува „Каде ќе се продолжи образование? Кое средно училиште да се одбери?“ Праксата покажува дека стручните училишта стануваат се поатрактивни, а СОУ Ѓорче Петров -Прилеп , познато како  медицинско  училиште,  е едно од најатрактивните за ученците кои го завршуваат основното образование .

Во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп предвидено е во прва година да се запишат 322 ученици,  во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми ,и тоа за:

Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки од кои : за медицински сестри 68 ученици во две паралелеки и фармацевтски техничар и за  физиотерапевтски техничар по 34 ученици, по една паралелека.

Текстилно – кожарска струка25 ученици, 1 паралелка и ќе се соработува со компаниите за поквалитетно изучвање на оваа струка.

Лични услуги – 68 ученици  во две 2 паралелки – една за техничар за козметичка нега и убавина и една за фризер

Шумарско – дрвопреработувачка струка ќе опфати 34 ученици, 1 паралелкa

Геолошко – рударска и металуршка струка ќе опфати  59 ученици во 2 паралелки и ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.

Веќе се објавени условите за запишување и критериуммите,

Првото пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до15:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 до 17.00 часот и на 25 јуни од 07.00 часот до15.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница https://gorcepetrov.mk/.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на огласната табла на училиштето.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 01 и 02 јули 2024 година до15:00 часот.

Доставувањето напотребената документација до училиштата е на 01 јули од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до15.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на https://gorcepetrov.mk/.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 05 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 05 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: