ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Граната пронајдена во „Стара касарна” во Битола

59

На 07.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

Само пред неколку дена во старата касарна беа пронајдени вкупно 2.871 пушка од пред Првата светска војна, и однесени во магацин.

„Граѓаните, ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, од безбедносен аспект за нив и околината, важно е да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку да пријават на 112 “,велат од  ЦУК.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе