ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Граѓаните повторно затекнати, градежни работи на патoт Прилеп-Крушево

2.695

Граѓаните и овој пат останаа затекнати и неинформирани за тоа што може да ги очекува од денеска кога ќе тргнат на регионалниот пат за Прилеп – Крушево и дека градежната механизација работи на санација на оваа патна делница.

Реакциите од граѓаните се дека се чека и по половина час бидејќи сообраќајот е во застој, па поради тоа не можат да ги обавуваат редовните планирани обврски. Причина – изведување на градежни работи, санација на трупот на патот за кои информираше единствено Авто Мото Сојузот на Македонија во рамките на редовните надлежности:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 07.06.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

За што се работи?

Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор со Стентон Градба Санација на трупот на патот на Р1306, делница Прилеп – Крушево (Кај Славеј) во април годинава. Периодот на санација на овој регионален пат е 36 месеци. Вредноста на склучениот договор со ДДВ е  

Нешто слично се случуваше и во Прилеп со рехабилитацијата на ул Леце Котески кога немаше ниту соодветно известување, ниту обезбеден алтернативен пат од изведувачот на градежните работи. И тогаш и граѓаните и бизнис заедницата реагираа, но без успех!

Караванот си врви…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе