ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Двократниот шампион на Супер-лигата во пинг-понг Младост 96 ја изгуби шампионската титула

201

Двократниот шампион на Супер-лигата во пинг-понг на Македонија, прилепската екима „Младост 96„  ја изгуби шампионската титула. Во плејофот кој се одигра вчера во салата на ООУ “Добре Јованоски“ – Прилеп  шампионската титула ја освои  екипата на Крива Паланка, која со 4:2 го совлада домашниот Младост 96. Бидејќи, Крива Паланка во плејофот влезе со водство од 1:0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во основниот дел од лигата, овој тим со денешнаата победа стигна до 2:0, и ја освојуви титулата шампион на Македонија.

Медалите и пехарите на спористите им ги даде претседателот на Младост 96, Марјан Матракоски. а, шампионот Кирва Паланка доби два пехара – преоден и еден пехар во трајна сопственост!

Сребрени медали за вицешампионското место добија членовите на Младост 96: Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски, Петар Костовски и тренерот Гоце Тошески.

Златни медали добија од Крива Паланка: Кристијан Станојковски, Александар Јакимовски, Ѓорѓе Петровиќ, Мартин Стаменковски и клупскиот претседател Јорданчо Миневски.

Фото:http://Шампион,мк

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе